Кацарска до обвинетите за “27 април”: Престанете да им се јавувате и заканувате на сведоците!

by fokus

Судијката Добрила Кацарска на почетокот на денешното судско рочиште за “27 април” ги предупреди обвинетите да не им се јавуваат на сведоците и да не им се закануваат.

-Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат, ги предупреди судијката Кацарска.

Таа не прецизираше кој од обвинетите се заканувал.

На денешното рочиште за насилниот упад во Собраниетио ќе сведочат четворица сведоци кои се вработени во МВР.

Поврзани новости