22-годишен скопјанец удрил во паркиран камион, констатирани тешки телесни повреди

by fokus

22-годишно момче од Скопје завршило со тешки телесни повреди, откако со неговиот автомобил, кај селото Батинци удрил во паркиран камион „МАН“. После незгодата, момчето било пренесено во болница, велат од МВР.

„На 08.08.2018 година во 22.40 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Хец „Козјак“ и ул.„1“ во с.Батинци, патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. (22) од Скопје удрило во паркирано товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.О. (49) од Скопје. По незгодата, Н.Н. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во приватната здравствена установа „Аџибадем Систина“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје

Поврзани новости