Mинистерот за здравство, Филипче, најави надградување на „Мој термин“

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека надградувањето на „Мој термин“ односно создавањето е-здравствен систем (electronic health record) е еден од врвните приоритети на кој ќе се посвети.

– Станува збор за надградување во систем во кој се собираат сите податоци за пациентот и тие се достапни за сите здравствени институции – вели Филипче, нагласувајќи дека во земјава имаме 114 јавни здравствени институции кои се без никаква комуникација меѓу себе.

Овој систем министерот очекува да се имплементира до крајот на 2018 година.

– Ќе се ревидира и врементраењето на прегледот во „Мој термин“. Колку ќе трае прегледот ќе договараме со директорите на клиниките бидејќи за секоја струка е потребно различно време да се изврши преглед – посочи министерот.

Исто така, лекарите ќе имаат и административни помошници кои ќе ги им вршат внесувањето на податоците во системот и другите административни обврски со цел, како што рече Филипче, тие да може да му се посветат само на пациентот.

Поврзани новости