Вештаците утврдиле дека обвинетиот во „Триста“, Поповски, е способен да го следи судењето

by fokus

Зад затворени врати се разгледуваше извештајот за здравствената состојба на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, обвинет во случајот „Триста“ на СЈО, со кој треба утврди неговата способност да го следи судењето, јави 24 Вести.

Откако судијката Лидија Петровска ги пушти новинарите во судница појасни дека поради изнесување приватни податоци поврзани со здравјето на обвинетиот, јавноста била исклучена, а заклучокот на вештите лица бил дека Поповски е способен да ја следи главната расправа.

Поради тоа што Петровска повеќе нема да биде судија во организиран криминал, го презакажа рочиштето за средината на февруари кога на Поповски ќе му суди нов судија.

 

Поврзани новости