Рок-бендот составен од новинари „Рипортерс“ денеска со почеток во 21 и 30 минути ќе го има завршниот концерт на турнејата низ Македонија „Солидарност за слобода“ за јакнење и промоција на Солидарниот фонд за новинари. Концертот ќе се одржи во ресторанот на МКЦ во Скопје.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, новинарскиот бенд „Рипортерс“, Здружението на новинари на Македонија, со поддршка на Американската амбасада, ја покрена акцијата „Солидарност за слобода“.
Преку оваа акција веќе е формиран Солидарен фонд за итни случаи и за финансиска помош на новинарите на кои таа им е потребна. Одржани се неколку солидарни вечери, а настанот во МКЦ е дел од акцијата за собирање средства за нашите колеги.
Концертот ќе се одржи како придружен настан на VIII Медија Форум на Југоисточна Европа на кој учествуваат повеќе од стотина новинари, уредници, политички и дипломатски претставници од цела Европа.