Дваесет и едногодишно момче се бори за живот откако вчера, среде бел ден, неколкумина насилници го претепале кај автобуската постројка на булевар Александар Македонски.
-Во времето од 17,30 до 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје. По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот.
Н.С. со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело. Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.