20 лица позитивни на Ковид-19 починаа во текот на изминатото деноноќие

by fokus
Во текот на изминатите 24 часа починати се 20 лица кои биле позитивни на Ковид-19.
Тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.

Поврзани новости