2.600 полицајци задолжени за безбедноста за време на Супер купот

by fokus

За безбедноста околу организирањето на вечерашниот Супер куп и сите пропратни активности ќе бидат задолжени 2.600 полициски службеници, распоредени во фудбалската арена „Телеком“, реонот околу стадионот и фан зоните.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземени сите мерки и активности со цел мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестен Јунајтед да мине во најдобар ред.

Според инструкциите на УЕФА, на стадионот може да се внесат само знамиња на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер јунајтед и знамиња на Шпанија и Англија.

Од МВР апелираат до сите кои имаат билети за следење на овој натпревар да дојдат порано на националната арена заради избегнување на непотребни гужви. На влезот се предвидени   ригорозни контроли и нема да биде дозволено внесување на монети, запалки, лименки, шишиња или други предмети, додаваат од таму.

Поврзани новости