Полициски службеници, пожарникари и граѓани синоќа започнаа потрага по две лица кои исчезнале во водите на Вардар кај Гостивар. Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Набрзо потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари.
Околу 1:30 часот новинарот на МИА беше на мостот во селото Форино каде со вознемирените жители го очекуваر исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата, кои последен пат биле видени во близина на селото Чајле.
Идентитетот на лицата по кои се трага, засега е непознат. Исто така до доцна во ноќта не беше познато и под какви околности започнала драмата.
Околу 3 часот се прошири информација дека во близина на Старо Чајле е лоцирано безживотно тело на женско лице, но обвинителството, полицијата и брзата помош не можеа да ги потврдат наводите. МИА