475
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала го погоди рано изутрина регионот на Северен Минданао, кој се наоѓа во јужниот дел на Филипините, при што се повредени 25 луѓе, соопштија филипинските власти.
Причинета е материјална штета врз куќи, згради и инфраструктурата. По потресот не е издадено предупредување од цунами.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во Караскал, во областа Суригао Дел Сур.