355
Талат Џафери треба побрзо да се освести што прави како претседател на Собранието, да не тера личен инает, а особено со постапките за (не)гласање за имунитетот на Трајко Вељаноски и со контрирањето на министерката Рената Дескоска за незакажување на седница за СЈО во време на изборната кампања, изјави пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, на синоќешната дебата на ТВ 24.
„Размислувам да поднесам барање за смена на Талат Џафери од местото претседател на Собранието“, рече Зекири и додаде дека ќе го држи за збор пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека ќе ја поддржи таквата интерпелација доколку биде поднесена од страна на СДСМ.