Пендаровски и порача на Силјановска да се кандидира за декан на правен факултет, а не за претседател, таа му возврати дека и личи на венецијански трговец

by fokus

Кандидатите за претседател вчера за прв пат ги вкрстија копјата во дебатната емисија Топ Тема на Телма. Речиси час и половина траеше дебатата, а главна тема околу која се задржаа кандидатите беше промената на името и односот на идниот претседател кон Договорот од Преспа.

Впечатливо беше на средина од емисијата кога Стево Пендаровски и се обрати на Гордана Силјановска порачувајќи и дека треба да се кандидира за декан на некој правен факултет, а не за претседател.

-Јас мислам дека ние зборуваме за две различни работи, за светот на правото и светот на политиката. И на лаиците во правото им е јасно за жал кој е доминантен. Јас најпријателски ве советувам да се кандидирате за декан на некој правен факултет, а не за највисоката политичка функција. И јас сум прфесор на правен факултет, доктор по правни и политички науки, но на оваа функција не можам само со правни авторитети, а да ги занемарам Меркел, Макрон и Трамп  – рече Пендаровски зборувајќи за суровоста на надворешната политика.

Силјановска возврати нарекувајќи го Пендаровски венецијански трговец.

-Немам зошто да се кандидирам за декан , вие може, не знам, не ми е тоа амбицијата. Јас бев во два мандати претседателка на групата на независни експерти за локална самоуправа во Советот на Европа и повикував на право. Бев во два мандати потпретседателка на комисијата за малцински прашања во Венецијанската комисија и укажував на правните аргументи, а вие ми личите на венецијански трговец, морам тоа да го кажам – рече Силјановска по што Пендаровски и честита на успесите што ги постигнала во областа на правото.

Овој дел од дебата можете да го следите тука по 35-тата минута.

 

Поврзани новости