414
Премиерот Зоран Заев вчера не присуствуваше на инаугурација на претседателот Стево Пендаровски. Тој на новиот претседател мандатот му го честиташе преку видео порака.
-Денеска нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење.
Драг Стево, нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво.
Нѐ чека многу заедничка работа за нашиот народ, рече Заев.