868
Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција истакна дека на денешната владина седница е донесена одлука за воведување на полициски час.
Како што појасни премиерот полицискиот час ќе почне утре вечер од 22 часот и ќе трае до 5 часот наутро. Исто така Заев појасни дека е предвидено полицискиот час да трае две недели, односно до 22 март.
Тој додаде дека во следниот период ќе бидат зголемени контролите од МВР.
-Очигледно граѓаните се опуштија, заради тоа ќе се зголемат и котролите на МВР, истакна премиерот.