Заев и Мицкоски ќе пресечат за СЈО на вечерашната лидерска средба

by fokus

Решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира и судбината на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе се обидат да најдат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на најавената лидерска средба, откако минатата недела последната средба на работните групи на власта и опозицијата не вроди со плод.

Лидерската средба ќе се одржи во Собранието  на Република Северна Македонија со почеток во 20 часот. Средбата ќе се одржи во формат еден плус четири.

Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски претходно најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости