Македонските фудбалери ја совладаа Летонија со 2-0

by Фокус

Македонската А фудбалска репрезентација ја прокнижи втората победа во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое се игра во 2020 година.

И вториот наш триумф во Групата Г го остваривме над селекцијата на Летонија која вечерва ја совладавме во Рига со 2-0.

Притоа, клучните моменти на мечот се случија на самиот почеток, поточно од 14 до 17 минута, кога двапати го матиравме домашниот голман Ванинс.

Прво погоди капитенот Горан Пандев на асистенција на Елиф Елмас, аа да потоа Енис Барди со удар од околу 20 метри зголеми на 2-0, што на крајот се покажа како и конечен резултат.

Поврзани новости