Во самоизолација се 12 војници кои биле во исто одморалиште со заразените полицајци

by fokus

Во самоизолација од вчера се десетина припадници на македонската Армија, кои биле логистика на МВР во Охрид, каде што е затворено одморалиште на полицијата откако се дијагностицирани седум позитивни случаи на ковид-19 кај припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, објави „360 степени“.

Припадниците на Армијата допрва ќе бидат тестирани откако вчера биле завршени епидемиолошките анкети.

Војниците биле сместени во истото одморалиште на МВР во Охрид каде што имало и припадници на ЕБР, кои биле испратени таму како поддршка на СВР-Охрид и се менувале по принцип на ротација.

-Армијата на Северна Македонија во наведеното одморалиште на МВР има исто така 12 свои припадници кои ги извршувале работните задачи во испомош на МВР, за обезбедување карантински објекти во охридскиот регион и биле сместени во одморалиштето. Во моментов, сите се во самоизолација и им се направени епидемиолошки анкети предвидени за ковид-19, по што, во координација со МВР, ќе следат дополнителни мерки за вакви ситуации, изјавиле од ГШ на Армијата за „360 степени“.

Поврзани новости