649
Татко и неговите две полнолетни деца биле уапсени на граничниот премин Промахонас при влез во Грција, бидејќи одбиле да им биде направен рапид тест, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, 67-годишниот маж, 27-годишниот син и 23-годишната ќерка, сите грчки државјани, ќе треба да платат и казна од 5.000 евра, а биле уапсени за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.
Освен негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, на сите оние кои преку копнените граници влегуваат во Грција задолжително им се прават и брзи тестови. МИА