2.1K
Дваесетина бизнисмени, банкари и сметководители се уапсени во акцијата “Рибар” на Управата за финансиска полиција, дознава Фокус од доброупатен извори.
Акцијата е во тек, односно се вршат разговори со приведените, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Според првичните информации станува збор за затајување на данок и местење на тендери. Според информации на “Фокус”, се чешлаат тендерите кои излегувале од општините Тетово и Гостивар.
Валентина Вурмо