Владата ќе добие видео надзор

by Фокус

Откако јавноста се убеди дека во Владата, понекогаш се снимаат разговори или средби, односно откако беше објавен снимениот разговор на премиерот Никола Груевски со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, сега Владата и официјално ќе добие засилен видео надзор.

Поточно, пред неколку дена Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор за набавка и монтажа на систем за видео надзор. Склучениот договор е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, во вредност од 52.000 евра.

Покрај видео надзорот, како мерка за безбедност, околу зградата на Илинденска бр.2 ќе биде поставена и ограда, за која неодамна беше објавен оглас, а Владата истакна дека за оваа набавка планира да потроши 690.000 евра.

Поврзани новости