Зврлевски: Никој не побарал да отфрлам кривична пријава

by Фокус 13:05
13:05

Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ во врска со некаков разговор во кој е споменато моето име, рече денеска Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

„Јас како јавен обвинител немам постапувано по предмет во кој што како пријавено лице се појавува министерот за финансии Зоран Ставрески“, тврди Зврлевски.

Тој додава дека јавните обвинители кои постапуваат по предмети по кривични пријави биле апсолутно независни, сами ја носеле својата одлука и во конкретен предмет на нив не можело да се влијае со никаква молба, препорака или укажување.

- Advertising -

„Од мене никој нема побарано да се отфрли кривична пријава. За сите предмети за кои е отфрлена кривична пријава се известува оштетениот, односно подносителот на пријавата, и истиот има право да поведе постапка пред суд или да поднесе жалба до повисокиот обвинител”, рече Зврлевски.

На вчерашната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави телефонски разговор меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за финансии Зоран Ставрески во кој таа го споменува името Марко за кој Заев рече дека лично Зврлевски по нарачка лично на Јанкулоска донел одлука да отфрли кривична пријава против Ставрески.

Поврзани новости