Пожарот во светиниколско изгоре стари куќи во кои никој не живее

by fokus

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека пожарот во светиниколско зафатил неколку стари куќи во кој не живее никој.

-Се наоѓам над с.Богословец, светиниколско, каде пожарот зафати неколку стари куќи во кои не живее никој. Нема жртви, нема повредени. Благодарение на интеревенцијата на ТППЕ Св. Николе и посебно светиниколското доброволно противпожарно друштво пожарот во селото е изгаснат но се движи кон соседниот врв до врвот Богословец како и на исток од селото.
Очекувам до раните утрински часови пожарот да биде ставен под контрола, напиша Ангелов на фејсбук.

Поврзани новости