Маж од Свети Николе гризел и тепал полицаец

by fokus

Жител на Свети Николе вчера нападнал полицаец удирајќи го со тупаници и клоци, а два пати го кризнал и во пределот на раката.

-Околу 20.30 часот на ул. „Ќикевачка“ во Свети Николе, Ј.А. (45) од Пробиштип физички нападнал полициски службеник. Во наведеното време двајца полициски службеници отишле на местото по пријава за физички напад од страна на Ј.А. врз лицата З.М. и М.М од Свети Николе. Кога пристигнале на местото, полициските службеници му наредиле на Ј.А. да се оддалечи од дворот на З.М. Тој не ги послушал и продолжил да вика и да упатува закани по животот кон едниот полициски службеник. Кога се обиделе да го приведат, Ј.А. физички го нападнал едниот полициски службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а го гризнал два пати во пределот на десната рака. Откако дошло засилување, Ј.А. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош  во Јавната здравствена установа Свети Николе. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, инормираат од МВР.

Поврзани новости