Случај Панчевски: Постоела опција за рачно делење на судски предмети и преку компјутерскиот систем АКМИС

by fokus

Во Велешкиот суд денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, обвинет за злоупотреба на системот за распределба на судски предмети АКМИС.

На денешното рочиште сведочеше Горан Митев, вработен во компанијата која што го развила и одржувала АКМИС системот кој што судовите го користат за распределба и водење на судски предмети. Митев рече дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предметите, ако во моментот немало дежурен судија.

Сведокот истакна дека Панчевски барал дополнително усовршување на системот бидејќи недостасувале критериуми за распределба на некои од предметите.
Тој истакна дека со одлука на претседателот на судот еден предмет може да се прераспределби ако е итен.

Поврзани новости