501
СДСМ на денешната прес -конференција објави и телефонски разговор меѓу, како што посочија, Мартин Протогер и Миле Јанакиески, во кој наводно Протогер смртно му се заканува на претседателот на фудбалската федерација.
-Ќе ги најде жена му и децата во ендек, наводно му вели Протогер на министерот Јанакиески.
Оваа закана следува откако претседателот на фудбалската репрезентација не сакал да пушти гратиси за некој натпревар, кој требало да се одржи ден пред изборите, а требало да послужи за пропагандни цели.