Пратеникот Реџепи: Што ако заразен пратеник е приклучен на респиратор, како ќе се вклучи онлајн?

by fokus

Со онлајн учество на собраниски седници би можело да дојде до злоупотреба на правата на пратениците кои би биле инфицирани од Ковид-19, сметаат од колалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива. Оттаму оценуваат дека Собранието има доволно услови за работа и во ситуација на епидемија со Ковид-19, па како што велат, потребна е само добра комуникација помеѓу власта и опозицијата.

„Нашиот одговор и на координацијата беше човечки. Може ли некој во таква здравствена состојба да се вклучи онлајн. Што ако е поставен на респиратор? Зарем целата јавност да го гледа како се вклучува во Собрание? Тоа е тешка злоупотреба на граѓанските и здравствените права. Собранието има довоолно услови, се што треба е добра координација меѓу мнозинството и опозицијата, изјави Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на АА и Алтернатива.

Поврзани новости