Директорката на Инфективна: Дневно примаме по 14-15 заразени со Ковид-19, за кратко капацитетите ќе се пополнат

by fokus

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, вели дека тоа што се зголемуваат бројките на заразени од Ковид-19 е поради опуштањето на граѓаните, а есента е само оправдување.

Таа вели дека на клиниката речиси се изполнети сите капацитети, но се уште нема хоспитализирани пациенти во монтажната болница.

-Во моментот хоспитализирани се 95 пациенти, што значи близу до максималниот капацитет на клиниката. Дневно примаме по 14-15 пациенти, па за многу кратко време капацитетите ќе бидат пополнети, затоа е подготвена монтажната болница, рече директорката во вечерашното гостување на „Топ тема“ на Телма.

Таа истакна дека секогаш се добродојдени две раце плус, но засега добро се организираат со медицинскиот кадар кој е на располагање.

Поврзани новости