Возачите како и досега, преку ден, ќе треба да продолжат да возат со запалени светла, бидејќи беше прифатен амандманот на пратениците Нола Исмајлоска Старова, Силвана Бонева, Андон Чибишев и Марија Ангелова со кој се предлага останување на досегашното решение на употребата на светлата во сообраќајот од страна на возачите дење и ноќе.
-Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилотозадолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Обврската, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост, се наведува во предлог Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Доколку возачите преку ден не ја почитуваат оваа законска обврска ќе бидат казнети со 15 евра, а доклолку светлата не им се вклучени ниту навечер, ќе добијат казна од 35 евра или 15 негативни поени.