Вечерва ќе биде промовиран филмот „Зелени ѕидови, црна храна“, за студентскиот „Гоце Делчев“

by Фокус

Вечерва од 20 до 22 часот во паркот зад салата „Форца“ ќе се одржи настан под името „Ние не чекаме избори: заокружи Гоце“, на кој студентите ќе порачаат дека не чекаат избори, туку квалитетни студентски домови.

-Поминуваат покрај нас, зад заматени прозорци и нè гледаат како да сме муви во маштеница. Некаде брзаат и нè одминуваат. Поминуваат со векови. Нè држат уплашени со фрази, со мистерии, со догми. Нè држат уплашени дека ќе ни го земат лебот, ќе ни го срушат домот, ќе ни ја скршат вилицата, а ние уплашено правиме план и ги поздравуваме. Но, сè додека се плашиме тие ќе газат преку нас. Слободата ќе дојде кога ќе го надминеме стравот. Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мувлосаните тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога домовите ќе се реновираат, кога студентите ќе се разбудат и ќе прозборат за маките. Ќе чекаме ли жртва за да си ги побараме правата?! НЕ! Ние, студентите, не чекаме избори!“, е наведено во соопштението на Студентскиот пленум.

Нa нaстaнoт ќе имa прoекцијa нa oтвoренo нa филмoт „Зелени ѕидoви, црнa хрaнa“ режирaн oд Сaндрa Ѓoрѓиева, за состојбата и условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“, по што ќе следува дискусијa.

Поврзани новости