Од Кривичниот суд информираат дека се прифатени мерките на претпазливост против екс директорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, осомничени за скандалот ,,Онкологија”.
-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со случајот „Онкологија“, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот донесе решенија со кои:
Се прифаќа предлогот и на Н.В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2,3 и 7 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело,
На Н.Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2 и 3 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова, велат од судот.
Осомничените имаат право на жалба ред кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.