И официјално стигнал допис до Клиниката, доктор Нино Васев да се оддалечи од работното место

by Fokus

До скопската Клиника за онкологија официјално стигнал допис за одалечување на поранешниот директор Нино Васев од работното место, дознава “Фокус”.

Тоа е една од мерките, кои беа побарани од Јавното обвинителство, откако претходно соопштија дека тој е осомничен за седум кривични дела во делото “Измама”. За три пак е осомничен организацискиот директор Нехат Нухи.

Обвинителството покрена истрага денес против пет осомничени меѓу кои и тројца лекари-онколози, доктор Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски од Одделот за бели дробови, како и доктор Мери Пешевска од Одделот за дојка.

Ирена Мулачка 

 

Поврзани новости