Новинарите се собраа пред Владата, го вратија венецот кој го доби новинарот Јовановски

by Фокус

Претставниците на Новинарскиот пленум, претставници на невладиниот сектор и граѓански активисти, во моментот се наоѓаат пред Владата, каде што се собраа за да го вратат погребниот венец кој вчера непознато лице го донело во домот на новинарот и уредник на НОВА, Борјан Јовановски.

Новинарите го оставија венецот пред Владата, поточно го потпреа на барикадите кои беа поставени поради денешниот протест.

На овој начин новинарите истакнуваат дека ќе покажат дека не му се плашат на нарачателот на овој грозоморен чин.

– Медиумите под контрола на режимот на Никола Груевски со денови објавуваат пропагандни памфлети полни со омраза и повик за линч против нашите колеги, новинари – членови на Новинарскиот пленум и авторите на критички текстови, поради што сметаме дека сносат директна одговорност за ваквите грозоморни закани – порача Новинарскиот пленум.

Новинарите бараат од министерката Гордана Јанкулоска во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а лидерот на ДПМНЕ и премиер да го осуди јавно овој морбиден чин и да ги повика своите медиумски и партиски џелати да ги запрат хајките против новинарите и да стават крај на оваа политичка некрофилија.

Borjan

Borjan 1

borjan 3 Borjan 4

Borjan 5

Borjan 6

Поврзани новости