Уапсен директорот на „Актор“ во Грција, а во Македонија обвинителството се уште истражува

by Фокус 10:48
10:48

Директорот на фирмата „Актор“, Леонидас Боболас, бил приведен и веќе дава исказ во грчкото обвинителство каде го обвинуваат за неплаќање данок и перење пари, јавуваат грчките медиуми. Сопственик на „Актор“ е пак неговиот татко, Јоргос Боболас, кој поседувал и неколку медиуми, а управувањето со тој бизнис го има препуштено на вториот син, Фитис Баболас.

Се уште недостасуваат детали  за акцијата, поради што е тешко да се претпостави дали истрагата ќе се прошири и на македонска територија, бидејќи во 2014 година обвинителството поведе истрага за работат на оваа компанија во Македонија, која доби тендер тежок 257 милиони евра, односно треба да го изгради автопатот од Демир Капија до Смоквица.

- Advertisements -

Сомнежот дека нешто нелегално се случува се појави откако во јавноста се дозна дека десетици грчки државјани, исто попладне, на 5 декември, со автобус се симнале во Неготино, во филијалата на Стопанска банка и подигнале значителни количества кеш од градежната компанија „Актор“. Од вкупно 278 трансакции преку кои, наводно, во текот на една година биле извлечени 3,5 милиони евра од грчката компанија, дури 79 се случиле токму на тој 5 декември 2013 година.

Откако сомнежот го објави опозициската СДСМ, се јавија од Управата за финансиско разузнавање од каде што истакнаа дека отвориле предмет, а потоа се приклучи и Јавното обвинителство. Но, набрзо се се врати во нормала, односно „Актор“ продолжи да работи, бидејќи според обвинителот Марко Зврлевски за случајот постоел низок степен на сомнеж, поради што истрагата продолжувала, но не можеле да и забранат на фирмата да работи, за да не и се нанесе штета. Оттогаш поминаа месеци, а обвинителството постојано повторува дека истрагата е во тек и дека не смеат да изнесуваат детали за да не ја нарушат.

Поврзани новости