На 14 мај ќе почне судењето против Верушевски, се гони за поседување на два пиштола

by Фокус 12:04
12:04

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, на 14 мај ќе седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1, за кога е закажан стартот на судскиот процес. Тој е обвинет за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, односно за незаконско поседување на два пиштола.

Адвокатот Ангеле Илиевски претходно пред јавноста образложи дека Верушевски има оправдување за двата пиштоли, а за кои полицијата го товареше за недозволено поседување на оружје. Сега, обвинителството смета дека Верушевски незаконски го поседувал само службениот пиштол.

- Advertisements -

Едниот го добил во 1983-та додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не треба дозвола. И вториот, вели Илиевски, е регистриран, а Верушевски го добил како награда во 1997-та од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.

Останува нејасно како обвинителството ќе го поткрепи обвинението, кога Верушевски немал добиено барање од МВР да го врати пиштолот, а за тоа не е предвиден ниту временски рок. Како и да е, на Верушевски за ова обвиниение му се заканува затворска казна од 3 до 10 години.

Поранешниот шеф на тајната полиција е осомничен и во случајот „Пуч“, но засега нема информации дали наскоро ќе има било какво обвинение за Верушевски во оваа афера.

 

 

Поврзани новости