На денешното рочиште за случајот “Рекет” обвинителката Ивана Трајчевска презентираше што се обвинителството одземало при претресот во домот на обвинетиот Бојан Јовановски.
-Одземени се 15 капути, па 9 капути, 30 тренерки, 55 пара кондури, 14 пара чизми, 30 пара патики, 15 капи, 50 пара наочари, 77 пара панталони, украс сваровски, дестици чанти, накит, марами, ремени, часовници, од кои три од марката “ролекс”.. презентираше обвинителката, а облеката ланчано се повторуваше.
Боки 13 побара од судот сите овие докази да бодат донесени во судница и да бидат презентирани.
-Да се донесе едно по едно парче во судница, рече Јовановски, додавајќи дека бичо преседан да се земе целата облека од некого и да се остави без гардероба.
Освен гардеробата, од неговиот дом биле одземени и фактури и фискални сметки за купената облека.
Судењето е во тек.
В.В.