Туристите кои беа нападнати биле од Јужна Кореја и држеле предавања за мир и пријателство

by fokus

Туристите кои вчера беа вербално нападнати во центарот на Скопје, дошле од Јужна Кореја, членови на невладина организација и во училиштата во Свети Николе држеле предавања за мир и пријателство, објави градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.

-Денес основните училишта во Свети Николе беа посетени од тим на невладината организација “Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL)“ од Сеул, Јужна Кореја. Одржаа работилници на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години и ги наградија учениците со подароци. Исто така при посетата беа договорени понатамошни активности кои ќе се развиваат со меѓусебна соработка, објави Велковски.

На социјалните мрежи вчера беше објавено видео на кое извесно лице вербално напаѓа Кинези во центарот на Скопје. Лицето ги снима и ги пцуе, а нападнати молчат и се обидуваат да го избегнат конфликтот. „Коронавирус мрш од тука“, им порачува. Засега не е познат идентитетот на лицето.

Поврзани новости