Насилници му влегле во спална и го тепале со цепаници од дрва!

by fokus

Триесет и осумгодишен велешанец синоќа бил нападнат од четворица насилници додека спиел. Насилниците влегле во наговиот дом, па со нож му се заканиле дека ќе го убијат. Потоа почнале да го тепаат со раце и нозе, но и со цепаници од дрва го удирале несекаде по телото.

-На 28.01.2018 година околу 00.30 часот во Велес, на ул.„Благој Страчковски“ во својот дом додека З.А.(38) спиел, насилно му влегле Е.Џ., С.Џ., А.Џ. и Р.В. Најпрво Е.Џ. извадил нож и му се заканил дека ќе го убиел оштетениот, а веднаш потоа сторителите го нападнале и го удирале со раце и нозе и цепеници од дрва по целото тело. Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат. Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил во куќата на неговиот татко и неговиот брат. Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека оштетениот е се уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости