Крвава пресметка пред казино: Избодени двајца прилепчани

by fokus

Утринава, во четири часот по полноќ, пред казино во Прилеп се случила крвава пресетка, бидејќи прилепчанец со нож повредил двајца сограѓани. Едниот го прободел во грбот, а другиот во пределот на стомакот.

-На 28.01.2018 година околу 04,00 часот пред казино во Прилеп, по претходна расправија од страна на З.П.(54) од Прилеп со остар предмет прободени се К.Р.(25) во пределот на грбот и М.Р.(26) во пределот на стомакот. Повредените се пренесени во Медицински Центар-Прилеп, а З.П. е приведен во Полициска станица Прилеп, инфотмираат од МВР.

Поврзани новости