АМСМ: Внимателно возење, одрони на дел од патните правци

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Наместа влажни коловози се бележат на повисоките, осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Kаменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Поврзани новости