Мицкоски најавува масовни протести во мај

by fokus

Талат Џафери ја узурпира функцијата претседател на Собрание на Република Македонија, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој најавува сериозни чекори, како масовни протести во мај.

Шефот на опозицијата смета дека собранискиот спикер не ја заслужува фотелјата бидејќи не е достоинствен претседател на Собранието за сите граѓани во државата. Токму од оваа причина тие најавуваат интерпелација за спикерот Џафери по гласањето на Законот за употреба на јазиците.

„Има многу причини, најмалку пет причини во моментот има, иако моите соработници тврдат дека се повеќе од десет. Неговиот начин како го прекрши Деловникот, како ги прекрши законите и Уставот, при овој обид да биде донесе овој неуставен и неприменлив закон. Вториот чекор е нормално да се поднесе кривична пријава за сите кои што беа соучесници во овој процес но оној кој го почна овој процес“, порача Мицкоски.

 

Поврзани новости