Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, алудира за наводно мито, при изградбата на автопатот Миладиновци-Штип, коментирајќи дека процентот од зделката се делел во ресторан во југоисточна Македонија.
Тој гостувајќи на ТВ Тера на коментарот на новинарот дека автопатот Миладиновци – Штип не е довршен поради технички пропусти на трасата, Мицкоски рече дека тоа воопшто не е точно.
-Грешките се само изговор за да се постигне двојно поголема цена од предвидената. А процентот се знае – изнесува од 5 до 15%, а се знае и каде се врши исплатата, во еден ресторан во југоисточна Македонија. Тоа е вистината, а сето останато се демагогии и празни реторики, рече Мицкоски.
Токму за нерегуларности при изградбата на автопатот Миладиновци-Штип, СЈО поднесе обвинение против неколкумина поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои екс премиерот и бегалецот Никола Груевски.