Караџовски: Извештајот за АКМИС-от со пенкало е класифициран како строго доверливо

by fokus

 

Извештајот на Министерството за правда, според кој дел од претседателите на Кривичниот и Врховниот суд делеле предмети на рака, а не електронски преку АКМИС системот, е стигнат во Судскиот совет, но членовите не смеат да го прочитаат бидејќи повеќето немале безбедносни сертификати.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски, потврди дека неколку членови немале безбедносен сертификат за да го прочитаат, но не можеше да потврди дали УБК не им дава сертификат бидејќи не ги исполнуваат условите.

Според првиот човек на судски совет конкретни факти, судии и кои предмети биле месетени немало во извештајот и за него дискутабилно е дали воопшто треба да се води како класифицирана информација. Тој тврди дека извештајот немал ниту печат, туку рачно било напишано „строго доверливо“

Поврзани новости