Излекуван потполковникот кој заболе од Ковид-19 во Централноафриканската република

by Fokus

Излекуван е потполковникот кој заболе од Ковид-19 во Централноафриканската република и беше транспортиран во земјава и хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, објави на својот фејсбук-профил, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Среќна завршница на патешествието на нашиот потполковник, кој во Централноафриканската република заболе од Ковид-19. По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него, напиша Шекеринска на својот профил.

Потполковникот, посочува министерката, набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.

-Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме!, пишува Шекеринска.

Поврзани новости