528
Горан Грујевски и Никола Бошковски во моментот ја очекуваат одлуката на судот во Солун за тоа дали ќе бидат екстрадирани во Македонија. Рочиштето е прекинато бидејќи се чека да пристигне преведувач на македонски, јави Алсат-М.
Во средата грчкиот јавен обвинител побара тие да бидат екстрадирани за да им се суди за предметите кои ги гони СЈО.
Двајцата се обвинети во предметот „Тврдина – Таргет“, процес кој започна денеска, а освен нив обвинети се и екс – шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.