Факти за „Одлучен удар 19“

by fokus

Вежбата “Одлучен удар 19” е национална теренска вежба, со учество на повеќе меѓународни учесници, која се одржува во Центарот за поддршка на обука (ЦПО) “Криволак”, во периодот од 5 јуни до 9 јули, објави f2n2.mk.

“Одлучен удар 19” претставува најголема вежба која се одржала досега во државата, со масивна вежбовна активност во која учество ќе земат околу 2,700 војници од пет земји-членки на НАТО (САД, Бугарија, Црна Гора, Албанија и Литванија) и Република Северна Македонија.

Целта на вежбата е да се зголеми интероперабилноста и подготвеноста на армијата на РСМ за борба во урбани средини во различни временски услови, синхронизација на расположливите капацитети и интеграција помеѓу конвенционалните сили и единиците за специјални задачи на партнерските земји, како и оценка на борбената готовност на единиците.

Поврзани новости