Ѕид од темен чад се крена високо над грчката метропола, жителите од предградијата се евакуираат, како и азилантите, а властите за утре предупредиле на нови пожари, бидејќи температурите се движеа околу 40 степени Целзиусови.
„Ако има некои кои се сомневаат во тоа дали климатските промени се реални, ги поканувам да дојдат тука и самите да се уверат“, рече премиерот Киријакос Мицотакис од Илија, каде пламените јазици ја загрозуваа древната Олимпија.
Тој ја посети областа на западниот дел на Пелопонез во близина на местото на античките Олимписки игри, каде што пожарникарите се бореа цела ноќ за да го спасат едно од најпознатите грчки археолошки локалитети.
Пожарникарите, проследени со водени бомби од канадери и хеликоптери, успеаја да воспостават контрола над пожарите во близина на Атина во текот на денот.
Но, ветровите повторноцги разгореа, а пожарите се проширија во близина на автопатот што ја поврзува Атина со северна Грција.
Попладнево, властите наредиле евакуација на предградијата северно од Атина, како и барателите на азил од блискиот центар за прием на мигранти.