ЦУК: Линданот од Охис е незапалив, пожарот е локализиран

by fokus

Од Центарот за управување со кризи истакнуваат дека Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека нема опасност по здравјето на луѓето по пожарот во Охис.

-Од Инспекторатот за животна средина за појавениот пожар во кругот на фабриката ОХИС и евентуална опасност по здравјето на луѓето, после направената контрола известуваат дека нема опасност по здравјето за луѓето бидејќи опасни хемикалии во ОХИС одамна нема, а линданот кој треба да се отстрани е незапалив.

Во 18:00 часот пожарот е локализиран, зафатена била претежно сува трева и дел од поранешната зграда на фабриката Билјана, информираат од ЦУК.

Поврзани новости