507
Шеснаесетгодишна девојка и една година помало момче од Прилеп се повредени, откако синоќа по полноќ паднале од мопедот на кој се возеле.
-На 13.07.2019 во 01,30 часот на локален пат за с.Србјани-Кичево, 16-годишна девојка од Прилеп, управувајќи мопед „лонгија“ изгубила контрола и паднала заедно со сопатникот- 15-годишно момче од Прилеп при што се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, информираат од МВР.