Екс министерката Гордана Јанкулоска ќе мора да оди во затвор, бидејќи Апелациониот суд ја потврди пресудата за случајот „Тенк“, но и ја намали казната на 4 години затвор. Според првостепаната пресуда таа беше осудена на шест години затвор.
-Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.
Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.
Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Судот.