965
По информацијата дека Љубе Бошкоски е хоспитализиран на Инфективната клиника, поради влошување на неговата состојба, откако е заразен со Ковид-19, тој се огласи на фејсбук.
-Почитувани членови и симпатизери на Обединети за Македонија, почитувана јавност. Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично.
Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене.
Чувајте се!, напиша Бошкоски на фејсбук.